Лазаров: Немаме време за жалење, гледаме напред! Словенија е фаворит, но Македонија не оди со бело знаме!

201

Македонската ракометна репрезентација утре ја почнува новата европска битка на ова големо натпреварување кое шестто по ред, седмо вкупно во историјата.

Селекторот Кирил Лазаров како и останатите репрезентации се соочува со Ковид-проблеми. Вели дека биле подготвени за вакво сценарио, навистина не е сеедно, но мора да го заборават тоа и да одат напред.

„Бевме подготвени на такво сценарио, веќе втора година по ред живееме во такви услвои се подготвивме менатлно и психолошки, мора да се адаптираме на целата ситуација, не ни е сеедно, немаме друг избор. Некои репрезентации имаат поголеми, некои помали проблеми, не треба да губиме енергија. И вака организирани сме добро подготвени мора да она што не очекуваме од утре понатаму“, изјави Кирил Лазаров.

Текот на подготовките не остана без повреди, уште многу поодамна, Дејан Манасков поради тешка повреда ја заврши сезоната, списокот не е тој што го посакуваше Лазаров, кој како и секој селектор сака на располагање да ги има сите најдобри.

„Од 22 декември се подготвуваме. Не треба да звучи како алиби, но мора да се знае дека Македонија остана без Маркоски поради повреда нема да биде, Манасков не сакам да зборам, тој е еден од најисксните, тој најмногу ќе ни фали. Митревски и Кизиќ кои беа во одлична форма Ојлески покажа дека секогаш на него може да се смета за жал остана Младеновиќ како и уште четири играчи кои не сакаа да се вакцинираат“.

И покрај тоа што останавме без неколку клучни ракометари, Лазаров гледа напред. За Словенија првиот противник на ова натпреварување не треба да се трошат зборови, но нашите момци нема да излезат со бело знае.

„Но, немаме време за жалење. Словенија е една силна репрезентација, со играчи кои настапуваат во Кил, Барселона, Веспрем… тоа кажува многу. Тие работат квалитетно со врвни тренери низ целата година. Селекторот на Словенија е во една голема предност бидејќи има на располагање комплетни ракометари со кои потоа само работи на детали. Што е тоа е, ние сме Македонија, знаеме на што сме и сигурно нема да се предадеме, сигурно нема да излеземе со бело знаме. Ние имаме желба да се пласираме во вториот круг, тоа би бил голем успех за нас со оглед на ждрепката и групата што ја добивме. Ова е процес на градење на нова, подмладена репрезентација, која ќе ја наследи онаа старата и уште десет години ќе ги брани боите на Македонија. Ние знаеме што сакаме, подготвени сме, но дали тоа ќе биде доволно за триумф над Словенија, тоа ќе го видиме утре на терен “, изјави Лазаров.

Македонија и Словенија играат утре со почеток во 18 часот во Арена „Феникс“ во Дебрецен.

 

ПретходноСлавче Војнески е нов тренер на Пахтакор
СледноСупер италијанско дерби за трофеј во Суперкупот