Италијанскиот офанзивен десен бек Кристијано Пичини ќе потпише договор со српскиот шампион Црвена Звезда. Тој доаѓа како слободен играч откако ја напушти Валенсија, а претходно играше во Фиорентина, Специја, Ливорно, Бетис, Аталанта, а му беше соиграч на Ристовски во Спортинг Лисабон.
Пичини во Звезда ќе биде еден од најплатените фудбалери, но ќе заработува двојно помалку отколку во Валенсија. Во Звезда ќе има годишна плата од 600.000 евра, со бонуси во случај на тимски успеси. Тој ќе стави потпис на договор до летото 2024 година.
Ова зимо Звезда ја засили уште напаѓачот Охи Омоџуанфо кој дојде од Молде. Заминаа Милош Дегенек и Алекса Вукановиќ.