„Проектил“ на Градел за победа на БС Коска против Екваторијална Гвинеја (видео)

100

Репрезентацијата на Брегот Слонова Коска стартуваше успешно на Купот на африканските нации откако вечерва на „Јапома“ стадионот во Дуала ја совладаа селекцијата на Екваторијална Гвинеја со 1:0. Стрелец на погодокот беше фудбалерот на Сиваспор Макс Градел уште во 5. минута од натпреварот. Севкупно мечот не изобилуваше со шанси, само по два удари во рамките на голот имаа двете екипи. На крајот „фаворитот“ ги освои бодовите и е прв во групата Е. Во оваа група Алжир и Сиера Леоне одиграа 0:0.

Претходно, во групата Ф Мавританија загуби од Гамбија со 0:1, а мечот Тунис – Мали кој заврши со победа на Мали од 1:0 предизвика контроверзии поради тоа што судијата означи крај во 89 минута што значи дека една минута пред регуларниот дел и без судиското продолжение.

Утре почнува 2. коло, а во групата А Камерун ќе игра со Етиопија додека Буркина Фасо ќе им се спротистави на Зеленортските острови.

ПретходноРома ги засили редовите со фудбалер на Порто
СледноАстон Вила договори уште еден играч – Лука Дињ за 25 милиони фунти