Она што „Спортмедиа“ го најави пред три дена од денеска е и официјално. Патрик Менса од Гана е најновото засилување во редовите на есенскиот првак, тимот на Шкупи. Се работи за 20-годишен играч за врска и член на младата репрезентација на Гана до 20 години.
“Посебно е чувството да се дел од клуб како што е Шкупи. Слушнав за овој клуб, посебно за неговите навивачи и многу сум среќен што сум тука. Тука сум да помогнам на мојот нови тим да ги оствари своите амбиции“ изјави за клупската интернет страница играчот од Гана, новото име во таборот на Шкупи.