Екипата на Реал Мадрид се пласира во финалето на шпанскиот Суперкуп откако вечерва ја совлада Барселона со 3:2 по продолженијата. „Ел Класико“ се одигра во Ријад, Саудиска Арабија, а триумфот на кралскиот клуб го донесе тандемот Винисиус-Бензема кој сезонава игра импресивно. Винисиус го отвори резултатот во 25. минута на асистенција на Бензема, но во 41. минута изедначи Лук де Јонг. На стартот на вториот дел Чави направи неколку рокади незадоволен од играта на својот тим (влегоа Езалзули и Педри на место Феран Торес и Френки де Јонг) но тоа не донесе резултат. Реал одново дојде до водство кое и го задржа до крајот. Карим Бензема ја затресе мрежата на Тер Штеген, но „каталонците“ ги „извади“ од калта Ансу Фати во 83. минута.
Се отиде во продолженија, а таму гол постигна Валверде (98 минута) кој се покажа како победнички за Реал.
За противник во битката за трофејот Реал ќе го има подобриот од дуелот Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао кој се игра утре.