Рома ги засили своите редови со уште еден фудбалер, а се работи за португалскиот репрезентативец Сержо Оливеира кој доаѓа од Порто. Тој и се приклучи на „волчицата“ како позајмен фудбалер до крајот на сезоната со опција неговиот договор да биде откупен за 13 милиони евра.
„Рома подолго време се интересираше за мене и ме бараше да помогнам во реализација на своите зацртани цели. Дојдов со воодушевување затоа што се работи за фантастичен клуб“, изјави Оливеира.
Тој е второто јануарско засилување за Рома по трансферот на Ајнсли Матјтланд-Најлс кој дојде од Арсенал.
Инаку Оливеира ја почна кариерата во Порто, играше како позјмен во Мехелен, Пењафиел, потоа две сезони во Пакос Фереира, па се врати во Порто, па одново на позајмици во Нант и ПАОК, а сега на позајмица во Рома. Се работи за играч од средниот ред кој за Португалија има 13 настапи. Играше и за сите младински селекции на Португалија.