Супер италијанско дерби за трофеј во Суперкупот

117

Вечерва на „Сан Сиро“ во Милано ќе се одигра дуелот од Суперкупот на Италија помеѓу шампионот Интер и освојувачот на Купот Јувентус.Ова е второ „Дерби д’Италија“ во Суперкупот по она во 2005 година кога трофејот замина во витрините на Интер.

Инаку севкупно гледано Интер ќе го игра 10-тиот меч во Суперкупот, а прв по 2011 година. Нивниот скор во победи-порази е 5-4. За Јувентус ова ќе биде 10-то по ред учество во Суперкупот, а 17-то вкупно.

„Нероаѕурите“ ќе го немаат Кордаз и Сатриано, се враќа Чаланоглу додека во редовите на Јувентус има многу проблеми. Ремзи го нема поради Ковид-19, Киеза е повреден, Де Лихт и Квадрадо се суспендирани.

И Шчесни ќе биде во аут додека не добие зелен сертификат за настап. Тој неодамна се вакцинираше со прва доза па потребни се 15 дена за да го добие документот кој ќе му овозможи да учествува на спортските натпревари. Тоа значи дека не смее да влезе на „Сан Сиро“ и на голот ќе биде Перин.

Мораме да играме агресивно и сигурно. Свесни сме дека ќе има моменти кога Јувентус ќе притиска и ќе ни прави проблеми. Во август тие беа фаворити за титулата, заедно со Интер и уште неколку екипи. Но на теренот приказната е поинакви. Сега ние сме на врвот, а тие бркаат. Сепак, трката се уште е долга.

Јувентус сака да се надигрува. Бонучи и Киелини ќе бидат на теренот, а му посакувам брзо оздравување на Киеза. Не го познавам, но играв со татко му во Лацио. Федерико е иднината на италијанскиот фудбал“, изјави тренерот на Интер Симоне Инзаги.

Во октомври, во првенствен меч Интер и Јувентус одиграа 1:1 со тоа што „Старата дама“ извлече реми со пенал на Дибала.

Добро за нас е што сите четворица напаѓачи се подготвени. Имаме многу опции во екипата и среќен сум поради тоа. Што се однесува до самиот меч мислам дека нема фаворит на ваквите натпревари. Јувентус не е поразен на последните осум натпревари и тие одиграа прекрасен меч против Рома на Олимпико (победа од 3:4 иако губеа до 70 минутасо 3:1). Тие имаа искусни играчи, но ние сме во подобра форма“, додаде Инзаги.

Натпреварот ќе започне од 21:00 часот.

ПретходноЛазаров: Немаме време за жалење, гледаме напред! Словенија е фаворит, но Македонија не оди со бело знаме!
СледноМиркуловски: Ќе сториме сè за да приредиме изненадување на стартот!