И покрај ова време – невреме, со ковиди и вируси, сепак традицијата останува. Нашите момци на утршниот прв меч на ЕП и тоа против Словенија ќе ја имаат поддршката од “Фалангата“, од нивните најверни навивачи. Па така фанови од Тетово и Битола веќе тргнаа на пат кон Дебрецен, ветуваат дека ќе ја дадат сета можна поддршка за да им помогнат на Кире, Миркуловски, Талевски, Кузмановски и останатите кои утре ќе ја бијат првата битка на ЕП.
Се разбира дека сите се за – МАКЕДОНИЈА!