Утринава експедицијата на Шкендија, актуелниот шампион на Македонија отпатува во Анталија каде ќе ја одработи главната фаза во текот на овие зимски подготовки. Тетовци ја “отворија“ сезоната што се вели. Имено тие први од сите наши клубови кои ќе се подготвуваат во Анталија, заминаа во познатиот туристички центар во Турција. Покрај тренинзите Шкендија ќе одигра и неколку пријателски средби со познати и силни спаринг партнери.
Засега нови имиња се Ферхан Хасани, Михаил Маневски, Клисман Цаке и Андре Менсалао. Сепак тетовци не застануваат, во преговори се со Одисе Роши (31), офанзивец кој и репрезентативец на Албанија со 66 настапи и 5 голови. Моментално е член на Болуспор, а играл досега во познати европски клубови. Тој би дошол како замена за Љупче Дориев кој најверојатно заминува во Унгарија.