„Ако Новак сепак игра на АО, останатите тенисери треба да го бојкотираат…“

1432

Иако Новак Ѓоковиќ ја доби првата битка, и тоа на судот во Мелбурн, сепак сеуште е далеку од тоа да ја добие „војната“ и да настапи на Австралија Опен. Како што одминува времето неговите шанси се намалуваат, а се зголемуваат односно погласни се неговите противници од тенискиот свет.

Па така денеска со свој коментар излезе легендарниот италијански тенисер Никола Пјетранџели, некогаш пред педесет години еден од најдобрите во светот.

Тој директно го нападна Србинот и го нарече недговорен а воедно ги повика останатите тенисери да го бојкотираат…

Сметам дека сите оние кои не се вакцинирани не би смеело да добијат дозвола за влез во Австралија. Сепак, ако му се дозволи на Новак да настапи на АО тогаш сите останати тенисери треба да штрајкуваат или да го бојкотираат, да го остават сам на теренот“ истакна покрај другото Пјетранџели.

ПретходноСтруга Трим Лум го промовираше Китановски!
Следно“Фалангата“ на пат кон Дебрецен: Битола и Тетово за – МАКЕДОНИЈА!