Досегашниот играч на второлигашот Охрид, и некогашен првотимец на Академија Пандец, Глигор Дончев е нов член на тимот на Тиквеш.
Левиот бек пристигнува во Кавадарци и ја засилува левата бековска позиција, со што управата на клубот пополнува уште едно место во ростерот.
Пристигнува и Николај Христов
Покрај Дончев, во Кавадарци зимава пристигнува и првото интернационлано засилување. Бугаринот Никлај Христов, кој на нашата јавност и е познат по настапите во тимот на Брегалница, одново ќе соработува со тренерот Влатко Костов со кого соработуваше и во Штип.