Томе Китановски, искусниот десен офанзивен бек е најновото зимско засилување во редовите на Струга ТЛ. Како што дознава „Спортмедиа“, Китановски и раководството на Струга ТЛ веќе се договориле, тој е во градот Струга, па така остануваат само некои ситни детали да се договорат и да се оди на промоција.
Се разбира дека Китановски и тоа како ќе биде засилување за тимот на Срѓан Захариевски. Станува збор за 29-годишен фудбалер кој има и интернационална кариера. Последен клуб му беше Шкупи.