Борусија Дортмунд тешко може да го задржи норвешкиот репрезентативец кого го бараат европските великани, па во германскиот тим ќе има итен состанок, за да се решат сите дилеми околу Ерлинг Халанд.
Дортмунд побарал средба со таткото на Халанд и неговиот агент Мино Раиола, сака да ги знае плановите на својот фудбалер.
Актуелниот договор на Норвежанецот со Дортмунд е до 2024 година, во неговата клаузула стои дека може да си оди ова лето за обештетување од 75 милиони евра.
Реал Мадрид и Барселона се сметаат за едни од фаворитите во битката за Халанд, неофицијално тој сам покажал интерес за „кралскиот“ тим.