Миркуловски: Ќе сториме сè за да приредиме изненадување на стартот!

428

Филип Миркуловски ја прифати поканата од Кирил Лазаров да се врати во националниот тим и да помогне во процесот на промена на генерации, истиот да мине безболно, а Македонија да го задржи континуитетот на учества на големите натпреварувања.

Големиот борец верува дека Македонија има шанса за изненадување против Словенија иако станува збор за врвна репрезентација.

„Релативно касно се приклучив на подготовките, но ме радува што гледам дека сите се максимално подготвени за она што не очекува во наредните денови. Имаме проблеми со коронавирусот, но во ростерот имаме доволно квалитетни играчи за во добро светло да се покажеме на овој шампионат. Верувам дека физички и тактички сме подготвени, ќе дадеме се од себе за да приредиме изненадување во првото коло. Словенија е апсолутен фаворит, има играчи кои настапуваат за врвни клубови, оваа селекција има добри резултати на последните големи натпреварувања. Сепак, ние сигурно нема да се предадеме“, рече Миркуловски.

Дуелот со Словенија се игра утре со почеток во 18 часот.

ПретходноСупер италијанско дерби за трофеј во Суперкупот
СледноТалески: Словенија е фаворит, но ние ќе се бориме со сите сили