Македонскиот фудбалски стратег Славче Војнески прави сериозен исчекор во неговата тренерска кариера. Поставен е за нов тренер на Узбекистанскиот гигант Пахтакор, актуелниот шампион на оваа држава и ушесникот во Азиската Лига на Шампиони.
Војнески е поставен како прв тренер по последната тренерска смена, и пред него е сериозен предизвик. Пахтакор е клуб кој има сериозни амбиции, кој константно е дел од Азиската Лига на Шампиони, и таму бележи сериозни резултати.
Досега Војнески што се однесува до интернационалната тренерска кариера беше дел од екипите на Серед во Словачка, односно Турските, Елазигспор, Генчлербирлиги, Газиантепспор и Ризеспор.