Коронавирусот дефинитивно засега им прави најголеми проблеми на Црногорците и тоа само на ден пред стартот на континенталното натпреварување.
Вториот противник на македонската репрезентација на Европското првенство кое стартува има три нови позитивни случаи на Ковид-19, информираат тамошните медиуми.
Голема среќа е што оваа селекција не е во хотелот каде што престојуваат Македонија, Данска и Словенија. Според неофицијални извори на Црногорците им порачале дека мораат да бидат во друг хотел бидејќи во текот на изминатите денови имаа голем број на заразени лица со коронавирус. Па експедицијата на оваа репрезентација се наоѓа во хотел кој е на половина час од Дебрецен.
Засега не е познато кои се новите имиња, добро е познато дека селекторот Зоран Рогановиќ е меѓу позитивните од претходно и тој нема да го води тимот на утрешната средба против Данска.
Сите детали ќе бидат познати во 18 часот, најавуваат црногорските медиуми.