Капитенот на битолски Пелистер, Бојан Трајковски, повеќе не е дел од лидерот во домашното првенство. Засега од Битола нема конкретни информации за причините за неговото заминување, но веќе неколку дена се шпекулираше дека нашиот репрезентативец е во преговори за нов клуб.
Деновиве Пелистер ќе добие нова Управа, по што се очекуваат повеќе детали за тимот во вториот дел од сезоната.