Словенија успеа да дојде до посакуваните два бода на стартот на ЕП и тоа на сметка на македонската ракометна репрезентација. Иако во составот на Македонија го немаше Кирил Лазаров, а противникот се мачеше и покрај тоа што имаше страшна клупа, селекторот, Љубомир Врањеш е задоволен од играта на своите момци, истакна дека очекувал отпор, бидејќи игра со балканска репрезентација.
„И благодарам на Македонија за добрата игра беше тешко направија добра работа, одиграа добро. Ние покажавме нервоза, покажавме и дека сме добар тим. Зборуваме балканска репрезентација, затоа сум задоволен, меѓудругото освоивме два бода. Играчите се бореа, немавме добра реализација, но два бода. И посакувам на Македонија, многу среќа во следните мечеви, ќе се обидеме да уште подобри во следните мечеви“, изјави Врањеш на прес-конференцијата.
Македонија во следното коло (15 јануари) игра против Црна Гора.