Часови не делат од новото учество на македонската ракометна репрезентација на Европските првенства. Немавме голема среќа, се најдовме во друштво на едни репрезентации како Словенија и Данска, а згора не се, во следната рунда одат само првите два тима од секоја група.
Патот е тежок, но нашите момци никогаш не се откажуваат. Прв противник е Словенија, дуел кој се игра во 18 часот. Филип Кузмановски, еден од репрезентативците кои низ години созреваше и во иднина треба да го земе товарот во новата Македонија која се гради, најавува борба до последна минута. Свесен е за силата на Словенија, верува во она што го работеа во изминатите денови.
„Максимално сме подготвени. Добро се подготвуваме за првиот меч. Словенија е добра репрезентација, но мораме да бидеме фокусирани на нашата игра. Мора да одиграме за самите себе, па да видиме како ќе заврши натпреварот. Наша цел е пласман во вториот круг и доколку загубиме нема да падне нашиот морал ќе се бориме и понатаму. Во Словенија играат едни од најдобрите ракометари во светот. Знаеме колку ја сакаме Македонија и како се бориме за неа, тоа ќе го покажеме и на терен“, изјави Кузмановски.