Нов скандал во Италија, во фудбалска Италија. Имено по вчерашниот меч во Супер-купот меѓу Интер и Јувентус, во кој победи шампионот со гол во 120,минута, од таборот на Јуве испратено е официјално барање до Фудбалската федерација на Италија, овој меч да се преигра. Причината за ова барање лежи во тоа дека судијата Даниеле Довери е “фатен“ на аеродромот со торба на Интер, како што може да се види. Ова фото е направено од фановите на Јуве.
Сепак треба да се биде реален и да се каже дека на вчерашниот мечот во Милано, судијата Довери речиси да судеше без грешка.