Синоќа во рамките од Суперкупот на Италија, тимот на Интер го совлада Јувентус до 2:1, со гол постигнат во 120. минута од страна на Санчез. Еуфорија, делириум на едната страна и очај и разочарување на другата. Интер се радува, Јувентус тагува, а дефанзивецот Бонучи, за малку што се се пресмета физички со еден од претставниците на Интер крај аут линијата.
Бонучи чекаше да влезе во игра и очигледно да шутира пенал, но мечот не стигна до таа фаза, затоа што Интер победи во продолженијата.
Ma che ha fatto Bonucci al gol di Sanchez? pic.twitter.com/XMxUehnwz4
— Roberto Dupplicato (@duppli) January 12, 2022