Брегалница го посакува Буњамин Шабани, би платила и отштета!

2413

Буњамин Шабани, капитенот на Струга ТЛ и еден од подобрите играчи од средниот ред во ПМФЛ, е трансферна цел на Брегалница. Како што дознаваме, лично тренерот Илчо Ѓорѓиоски барал да се донесе Шабани. Инаку за овој трансфер Струга ТЛ нејќе ни да чуе, а Брегалница била подготвена да плати и отштета.

За Буњамин Шабани свој интерес пројавувал и Тиквеш, а тој може да оди од Струга ТЛ оваа зима само надвор од Македонија и тоа со добра отштета со оглед на тоа дека сеуште е под договор со стружани. За него бил заинтересиран и клуб од Азербејџан.

Нашите информации велат дека тешко е сега во овој зимски преоден рок да се оствари трансферот на Шабани во Штип, којзнае можеби во јуни би можел.

ПретходноКамерун до втора победа, Абубакар со четири гола на Африканскиот куп
СледноШвајцарецот Марко Одермат најдобар и во Венген (видео)