Екс – вардарецот Сташ Скубе: Со брза игра да ги сопреме фанатичните Македонци!

133

Денеска од 18 часот во Дебрецен, Македонија во првиот меч од ЕП 2022, се среќава со Словенија. Силен ривал, но и ние секако имаме што да кажеме на овој дуел.

Во редовите на репрезентацијата на Словенија ќе настапи нам добро познато лице. А тоа е Сташ Скубе, некогашниот ракометар на РК Вардар.

Ние сме фаворити, сметам дека сме поквалитетен тим. Сепак секогаш не победуваат подобрите тимови, посебно не на првите мечеви на вака големи натпреварување. Јасно е дека нашиот ривал ќе биде опасен, секогаш првиот меч го играат со 200%, ќе ја имаат и поддршката од трибините. Мораме со брза игра ја сопреме нивната фанатична борбеност“ вели Скубе за медиумите во Словенија и продолжува…

Знаеме дека Македонија има двајца тешки кружни напаѓачи кои не играат одбрана и постојано се менуваат. Откако Киро Лазаров е селектор факт е дека се поактивни. Да кажам дека најдобрите моменти од кариерата ги поминав во Вардар“ рече покрај другото репрезентативецот на Словенија.

ПретходноМакедонски и дански навивачи заедно во Дебрецен! (ФОТО)
СледноНека се повтори Загреб: Македонија против Словенија го има еден од најдобрите стартови на Европските првенства!