Холанѓанец стана нов играч на Евертон па си се испофали

172

Англискиот премиерлиаш Евертон ја засили крилната позиција со Анвар Ел Гази кој доаѓа како позајмен фудбалер до крајот на сезоната. 26-годишниот холандски интернационалец доаѓа од Астон Вила и е трето зимско засилување за клубот од „Гудисон парк“ по украинскиот лев бек Витали Миколенко и шкотскиот десен бек Нејтан Патерсон.

Ел Гази дојде во Астон Вила во август 2018 како позајмен, но потоа клубот од Вила Парк го откупи од Лил.

Крилниот играч во Евертон ќе го носи бројот 34, а ќе дебитира во сабота против Норвич на „Кероу роуд“.

Секогаш можам да постигнам гол во важен момент. Можам да дадам многу квалитет во офанзивниот ред со моето темпо и техника. Можам да ја држам топката доколку тоа е потребно и одличен сум во дуелите еден на еден. Подготвен сум за игра, едвај чекам да дебитирам. Сакам да го вратам Евертон каде што припаѓа, многу повисоко на табелата. Тие имаат одлични играчи“, изјави Ел Гази има мароканско потекло, а беше дел од младинскиот и сениорскиот тим на Ајакс.

ПретходноЛиверпул скоро цел меч играше со играч повеќе и не успеа да го победи Арсенал
СледноМилан во продолженија ја запре Џенова на Пандев (ВИДЕО)