Камерун до втора победа, Абубакар со четири гола на Африканскиот куп

135

Репрезентацијата на Камерун ја забележа и втората победа во групата А на Африканскиот куп на нациите. Домаќинот на шампионатот успеа да ја победи селекцијата на Етиопија со 4:1 и по два гола постигнаа Токо Екамби и Венсан Абубакар. По првото полувреме беше 1:1, а во вториот дел Камерунците ги презедоа работите во свои раце и ја наполнија мрежата на гостите.

Абубакар по два натпревари има четири гола. Тој беше двоен стрелец и против Буркина Фасо во првото коло  и веќе изби на чело на листата на стрелци со четири погодоци.

 

ПретходноПОЛУВРЕМЕ ВО ДЕБРЕЦЕН: Томовски ја држи Македонија, Словенците водат со 13-10
СледноБрегалница го посакува Буњамин Шабани, би платила и отштета!