Шпанскиот стратег Доменек Торен Фонт е новиот тренер на турскиот гигант Галатасарај кој доаѓа на местото на легендарниот Фатих Терим кој пред неколку денови си поднесе оставка од тренерската позиција.
Торен е роден во Џирона, Каталонија, а на 27 години станал тренер. Водел неколку шпански нисколигаши, бил тренер на Џирона, асистент на Гвардиола во Барселона, потоа во Баерн и Манчестер Сити. Самостојно работел во Њујорк Сити и во Фламенго, а сега доаѓа во Галата.