Кривична пријава за Антиќ за злоупотреба на службена дејност

6974

Перо Антиќ ќе треба да докаже дека не ја злоупотребил својата службена дејвност, дело за кое е покрената кривичната пријава. Во истата стои дека тој работел спротивно на законот за спорт, како и пропозициите на КФСМ, дознава СПОРТМЕДИА.

Според Законот за спорт на РМ, екипите кои играат во највисокиот ранг на натпреварување во било кој екипен спорт мораат да бидат регистрирани како Акционерски друштва, а не како Здруженија на граѓани, што пак се наведува во кривичната пријава дека не е случај во кошарката.

Исто така има забелешки за регуларниот дел од Првата лига. По која се игра Супер-лига, па плеј-оф и секако плеј-аут лигата. Наместо целата процедура, раководството на КФСМ минатата сезона одлучи да се прескокне Супер-лигата, доигрувањето се реализираше со учество на осумте првопласирани екипи од првиот дел од првенството. Додека плеј аут, со учество на четирите последнопласирани екипи во регуларниот дел од сезоната, каде испаѓаат две екипи.

Доколку се докаже дека навистина е виновен тој ќе може да остане без својата функција, наскоро да има Вондредно Собрание за негова смена.

ПретходноАндреј Лазаров е ново име во Тиквеш!
СледноСкандалозно: Јуве бара да се преигра Супер – купот со Интер!