Кузмановски: Знаеме колку ја сакаме Македонија, како се бориме за неа – тоа ќе го покажеме на терен

229

Часови не делат од новото учество на македонската ракометна репрезентација на Европските првенства. Немавме голема среќа, се најдовме во друштво на едни репрезентации како Словенија и Данска, а згора не се, во следната рунда одат само првите два тима од секоја група.

Патот е тежок, но нашите момци никогаш не се откажуваат. Прв противник е Словенија, дуел кој се игра во 18 часот. Филип Кузмановски, еден од репрезентативците кои низ години созреваше и во иднина треба да го земе товарот во новата Македонија која се гради, најавува борба до последна минута. Свесен е за силата на Словенија, верува во она што го работеа во изминатите денови.

„Максимално сме подготвени. Добро се подготвуваме за првиот меч. Словенија е добра репрезентација, но мораме да бидеме фокусирани на нашата игра. Мора да одиграме за самите себе, па да видиме како ќе заврши натпреварот. Наша цел е пласман во вториот круг и доколку загубиме нема да падне нашиот морал ќе се бориме и понатаму. Во Словенија играат едни од најдобрите ракометари во светот. Знаеме колку ја сакаме Македонија и како се бориме за неа,  тоа ќе го покажеме и на терен“, изјави Кузмановски.
ПретходноНашите момци Македонци се загреваат со ПОСЛУШАЈТЕ ПАТРИОТИ (ВИДЕО)
СледноПромоција: Арбин Зејнулаи за посилен Работнички!