Македонија и Словенија имаат историја на дуели на големите натпреварувања. Двете репрезентации се имаат сретнато на Европските и Светските натпреварувања, имаат одиграно и квалификациски и пријателски натпревари.
Традицијата на пресметките на континенталните натпреварувања вели дека Македонија е „махер“ за Словенија. Со оваа репрезентација имаме две пресметки, една во 2018 на ЕП во Хрватска и тоа на отварањето. Нашите момци славеа со 25-24, тогаш Македонија групата ја заврши како првопласирана.
Втората победа на ЕУРО ја имаме забележано во 2012 во Белград во битката за петото место, ракометарите славеа со 28-27.
Имаме три порази на СП, од кој последниот минатата година во Египет (31-21). Меч кој денеска не смее да се повтори.
Два порази имаме и во квалификациите, во 2007 година под водство на Веселин Вујовиќ.