Македонија го игра шестото по ред вкупно седмо Европско првенство во својата историја. Ракометарите со години се единствениот национален тим кој редовно учествува на големите натпреварувања, секој јануари традиционално е резервиран токму за овој спорт, за „црвено-жолтите“ момци.
Прв противник на ова континенталното натпреварување е селекцијата на Словенија. Противник со кого Македонија има историја. Еден податок вели дека од двете победи на отварањата на Европските првенства, ракометарите ја забележале против Словенците.
Во 2018 година во Загреб, Македонија со триумф над Словенија од 25-24 тргна во групната фаза која ја заврши и како лидер. Па немаме ништо против денеска во Дебрецен да се повтори историјата, нека биде драма со среќен крај.
Нашата репрезентација со победа тргна и во Виена на последното континенталнот натпреварување, во драматичен меч ја совлада Украина со 26-25. Но, потоа фативме удолница, не успеавме да се најдеме во главната рунда.
Во Полска и Данска, македонската репрезентација отвори со убедливи порази, додека во Србија во 2012 година која ќе биде запаметена долго време, имавме реми со Шведска.
На првото Европско првенство во 1998 година, Македонија беше совладан од Унгарија со 29-20.
ИСТОРИЈА НА ПРВИ МЕЧЕВИ НА ЕП
ЕП 2020 (Австрија): Македонија – Украина 26-25
ЕП 2018 (Хрватска): Македонија – Словенија 25-24
ЕП 2016 (Полска): Франција – Македонија 30-23
ЕП 2014 (Данска): Данска – Македонија 29-21
ЕП 2012 (Србија): Шведска – Македонија 26-26
ЕП 1998 (Италија): Унгарија – Македонија 29-20