Составите ќе се чуваат во „тајност“ до последен момент

212

Со оглед на тоа дека коронавирусот го крои Европското првенство и целиот тек ќе зависи токму од пандемијата, составите јавно ќе бидат објавени на два часа пред почетокот на натпреварите од групаната фаза која стартува денеска.

Македонија и останатите репрезентации ги направија и последните од многуте тестирања за Ковид-19, се чекаат резултатите, а потоа ќе се бара најдобриот состав за дуелот против Словенија.

Исто како и Кирил Лазаров, ќе „игра“ и Љубомир Врањеш, има најава дека имиња на ракометарите ќе ги објави на два часа пред дуелот, кој е закажан со почеток во 18 часот.

Македонија пред да тргне за Дебрецен имаше четворица позитивни ракометари на коронавирус, во Скопје остана првиот голман Никола Митревски, кој како што најави ќе вежба во соба и во секој момент ќе чека да се приклучи на националниот тим.

Добра вест е што вчера сите ракометари беа негативни, да се надеваме дека проблеми со Ковид нема да имаме до крајот на првенството.

Покрај Словенија, Македонија е во група со Данска и Црна Гора.

ПретходноБонучи ќе се степаше по примениот гол…. (ВИДЕО)
СледноФантастично: И последните тестови се негативни, Македонија со сета сила против Словенија