Ултрасите истакнаа морбиден транспарент против Ањели (ФОТО)

361

Ултрасите на Јувентус за време на натпреварот за Суперкупот на Италија со Интер кој се одигра синоќа на „Сан Сиро“ истакнаа транспарент упатен до претседателот на клубот Андреа Ањели .

Во текот на првото полувреме на трибините се појави транспарент на кој пишуваше: „Agnelli muori“ („Ањели ќе умре“).

Во 2019 година, полицијата уапси 12 ултраси на Јувентус под сомнение за перење пари, насилство и изнуда во врска со продажба на билети. Истрагата започна една година порано и се однесуваше на наводното мешање на мафијата во продажбата на билетите.

Јувентус соработуваше со властите во текот на истрагата, а Ањели призна дека навивачите вршеле притисок врз клубот. Оттогаш, на некои ултрас групи им е забрането да се појавуваат на стадионот на Јувентус.

ПретходноШкендија закажа четири контроли во Анталија, една и со новиот тим на Костадинов
СледноФерати се врати на Чаир