Македонската ракометна репрезентација со сета сила ќе настапи против Словенија. И последните Ковид-тестови пред првиот натпревар на Европското првенство се негативни, па селекторот Кирил Лазаров ќе има шанса да го скрои списокот според расположливите сили со кои допатува во Дебрецен.
Македонија со ковид-проблеми се соочи пред тргнувањето, во Скопје останаа Митревски и Кизиќ, двајца голмани, на нивно место беа повикани Чаневски и Трајковски.
Дуелот меѓу Македонија и Словенија е закажан со почеток во 18 часот.