Шкендија закажа четири контроли во Анталија, една и со новиот тим на Костадинов

403

Екипата на Шкендија која ги започна подготовките во турскиот туристички центар Анталија, денеска ги објави и тест-натпреварите кои ќе ги одигра за време на престојот таму.

Првиот предизвик за тетовци ќе биде унгарски Шиофок, тим против кого Шкендија ќе тестира на 15 јануари (сабота). По овој меч ќе следуваат уште три меча.

На 19 јануари ќе се сретнат со полскиот состав Пјаст Гливице, каде во продолжение од сезоната ќе игра и нашиот репрезентативец Тихомир Костадинов, а потоа на 23 јануари ќе одиграат пријателски меч и со уште еден полски прволигаш Варта од Позњан.

Последниот контролен меч ќе биде на 27 јануари со екипата на Слован Либерец од Чешка.

ПретходноЊукасл го промовираше Вуд
СледноУлтрасите истакнаа морбиден транспарент против Ањели (ФОТО)