Џерард го собира друштвото: По Кутињо, Стиви-Џи преговара и со Луис Суарез!

481

Младата англиска тренерска ѕвезда Стивен Џерард многу сериозно го сфати тоа што од него го бара раководството на Астон Вила. Еден перспективен експерт почна да го усовршува својот работен режим на „Вила Парк“, а неговиот нов тим уште од првиот ден на неговиот престој почна да негува победнички менталитет.

Џерард како награда за врвните резултати и добрите игри на својот тим доби одлични зимски засилувања. Филипе Кутињо и Лукас Диње се нови лица во соблекувалната на Џерард, а до крајот на преодниот рок се очекува да пристигне уште еден играч од средниот ред.

Сепак, на Островот се повеќе се шпекулира дека летниот преоден рок ќе биде уште поинтересен за „Вила“. Според некои извори блиски до Џерард, Англичанецот работи на тоа да го убеди Луис Суарез да се врати во Англија.

Кутињо призна дека Џерард е најзаслужен за неговото доаѓање во клубот, а стручњакот се чини дека истото сака да го направи и со одличниот уругвајски голгетер. За потсетување, Суарез дефинитивно го напушта Атлетико Мадрид на крајот од сезоната, но прашање е дали е време за повторно обединување на некогашните ѕвезди во составот на Ливерпул.

ПретходноЛетаа „црвени“ картони: Франција ја победи нервозната Хрватска
СледноЛиверпул скоро цел меч играше со играч повеќе и не успеа да го победи Арсенал