Нема веќе дилеми, убави вести доаѓаат од Битола. Имено како што дознаваме се чини дека ФК Пелистер, гордоста на градот “Под Тумбе Кафе“, повторно ќе биде под “капата“ на Општината, односно градот Битола. Во наредните денови ќе се знаат конкретните потези, но ова веројатно е првиот чекор кон консосолидирање на фудбалскиот клуб, еден од нашите најголеми и најпознати.
А дека досегашните газди на ФК Пелистер не се покажаа, и тоа бааѓи не се покажаа дека се кадарни да водат еден таков клуб, најдобро говори фактот дека ФК Пелистер по есенскиот дел убедливо е на последното место на табелата во ПМФЛ. Дека не се покажаа говори фактот дека и натаму беспарицата е огромна, па затоа место да се купуваат играчи, тие играчи и што се во Пелистер си заминуваат.
Треба да се каже дека ФК Пелистер беше искористен во политичка кампања на една партија која во Битола ги загуби изборите, дека продажбата на клубот на една фирма беше сомнителна.
Сега на потег се луѓето од новите градски власти кои треба, во догледно време, да го вратат Пелистер таму каде што и треба да биде.
Рековме веќе, во деновите што претстојат ФК Пелистер одново ќе биде „градски“ клуб.