Очекувана разврска на вториот меч во нашата група А. Данска максимално ја оправда улогата на фаворотив против Црна Гора, која на ова Европско првенство дојде со бројни проблеми, пандемијата коронавирус го преполови составот. На клупата на беше ниту селекторот, Зоран Рогановиќ, кој исто така е позитивен. На крајот следниот противник на македонската репрезентација беше убедлива совладана со 30-21.
Црногорците беа рамноправен противник на стартот, по 4-4, Данска набрзина поведе со 8-4, на полувремето беше 18-10. И по одморот не се смени ништо на теренот, данските ракометари доминираа, без проблем дојдоа до првите бодови.
Хансен со 10 гола беше прв стрелец, Бранко Вујовиќ на другата страна постигна осум погодоци.
Дуелот меѓу Македонија и Црна Гора се игра во сабота со почеток во 20:30 часот.