Кузмановски: Сами сме виновни за поразот, но главата горе имаме уште натпревари

146

Македонија играше добро, се бореше, но на крајот доживеа пораз од Словенија (27-25) на стартот на Европското ракометно првенство.

Филип Кузмановски постигна четири гола и кажа дека самите се виновни што доживеаа пораз затоа што играа борбено и добро против Словенците.

Верував дека можеме да ја победиме Словенија, направивме неколку технички грешки, но се боревме и покрај тоа што го немавме Кире Лазаров. Мислам дека сами сме виновни што денеска загубивме, но главата горе имаме уште два натпревари, треба да ги поправиме тие технички грешки и да одиграме похрабро. Мислам дека сме добра репрезентација“, вели Кузмановски.

Нешто ни фалеше денес, но не можам да кажам што. Треба да го анализирам натпреварот и да објаснам. Сепак нема простор за разочарување, одиме на победа на следниот натпревар“, додаде Кузмановски.

ПретходноМиркуловски: Техничките грешки беа пресудни за поразот!
СледноЛазаров: Горд сум на момците, заслуживме бод, а можеби и два!