Лазаров: Горд сум на момците, заслуживме бод, а можеби и два!

457

Селекторот Кире Лазаров беше разочаран од начинот на кој го загубија дуелот со Словенија. Тој вели дека момците покажаа борбеност, добра игра но посочи дека недостатокот на самодоверба била причината за поразот.

Горд сум на моите момци против екипа која има играчи во најдобрите клубови во Европа и Светот. Разочаран сум од резултатот затоа што мислам дека заслуживме најмалку бод, можеби и два. Спроведовме многу работи, физички ги надигравме Словенците, практично ги уморивме, но тој мал дел на искуство кои ги имаат како Скубе, Зарабец, Макуч, како Доленец, ја направија разликата. Мислам дека не верувавме до крај дека можеме да победиме. Се обидов да ги убедам дека можеме, но на крајот сум разочаран поради таа работа“, изјави Лазаров.

Селекторот не можеше да игра поради повреда, па остави простор на младите ракометари кои покажаа дека можат да се надигруваат со поискусните.

„Од она што го видов, мислам дека сме на прав пат и треба да продолжиме така. Да го заборавиме овој меч и да пробаме да одиграме уште два добри натпревари и да чекаме нечија грешка, прво да ја победиме Црна Гора и тоа нема да биде лесно. Видете, секој натпревар, посебно одлучувачки е тежок но мислам дека ќе бидеме се подобри и подобри. Дај боже да се случи тоа да отидеме во втората рунда, за овие момци ќе значи уште четири натпревари.

Штета што направивме грешки од недоволно доверба. Тоа е тоа. Одиме напред, заеднички да пробаме да го изградиме тоа што го сакаме. Некогаш имаме проблеми, недоразбирања, но на крајот најважна е Македонија. Македонија не е моја, туку е ваша и на сите навивачи“, додаде Лазаров.

ПретходноКузмановски: Сами сме виновни за поразот, но главата горе имаме уште натпревари
СледноСтоилов: Ја принудивме Словенија да греши, оваа репрезентација е на вистински пат!