Ма, не може да биде подобро: Митревски е негативен, наскоро во Дебрецен?

2492

И не можеше подобро да почне денот. По сите негативни тестови на македонската експедиција во Дебрецен, од Скопје дојде одлична вест.

Никола Митревски, кој на последното од трите задолжителни тестирања беше позитивен на Ковид-19 и остана во Скопје, постои можност да се приклучи на националниот тим во Унгарија.

Македонскиот репрезентативен голман токму по тоа тестирање направил три-четири антигени и еден ПЦР тест, сите биле негативни. Останува ЕХФ да го реши случајот и порано да излезе од задолжителната изолација која почна на 10. јануари.

И тогаш Митревски изјави дека нема симптоми и дека се чувствува одлично. Да се надеваме дека наскоро ќе го видиме во Дебрецен.

На првата средба против Словенија на голот ќе биде Томовски, а прашање кој ќе му прави друштво од Чаневски и Трајковски.

Претходно„Лавовите“ го промовираа Стојкоски
Следно„Македонија се уште го има истиот проблем, менува многу играчи во одбрана и напад“