Милан во продолженија ја запре Џенова на Пандев (ВИДЕО)

163

Дури по 120 минути игра и Милан го потврди своето место во 1/4-финалето на италијанскиот куп. На вечерашниот дуел со Џенова, „росонерите“ како големи фаворити успеаја да го скршат отпорот на противникот дури во екстра-времето од 30 минути, откако во регуларните 90, мечот заврши 1:1.

Џенова изненадувачки поведе со голот на Остигард во 17. минута, а Милан со голот на Жиру на 15 минути пред крајот израмни на 1:1 и се избори за продолженија. Во нив Рафаел Леао и Салемакерс двапати погодија за конечни 3:1.

За Џенова Пандев одигра нешто повеќе од половина час откако влезе во игра во 87. минута.

ПретходноХоланѓанец стана нов играч на Евертон па си се испофали
СледноФутсал: Пораз од Португалија на првата “контрола“!