ПОЧНУВА ЕП ВО РАКОМЕТ: Лазаров оптимист „Очекувам храбра и полетна Македонија!“

185

Походите на македонските ракометари станаа асоцијација за месец јануари во последнава деценија и пол, а традицијата продолжува и во оваа, нова година. На прагот сме на Европското првенство кое се одржува во Унгарија и во Словачка, а една од 24-те учеснички е и Македонија, предводена од бренд амбасадорот на Видеолотарија Касинос Австрија, Кире Лазаров. Покрај сите големи подвизи во својата кариера, тој ќе стане уникатен по уште една работа: првиот човек со двојна функција на Европските првенства, ем селектор, ем играч.

Нашиот бренд амасадор е задоволен од тоа како работеа неговите ракометари во подготвителниот период и задоволен е од нивниот однос кон националниот дрес. Затоа и покрај проблемите со заразени ракометари во последен момент, Лазаров верува во една силна Македонија.

„Почнавме сериозен процес на подмладување, за кој треба да имаме трпение сите ние. Дополнително ни ја отежна ситуацијата последното тестирање за Ковид, но и покрај тоа, очекувам една храбра и полетна Македонија со голема самодоверба и одлучност. Презадоволен сум каков тренажен процес имавме во целиот период од 22 декември до 10 јануари. Успеавме да промениме многу стари навики и воведовме нов начин на работа и однос кон националниот дрес, што е од исклучителна важност. Македонскиот народ се поистоветува со овој национален тим во последните 15 години и мораме заеднички да ја градиме новата, квалитетна иднина. Подготвени го дочекуваме почетокот на ЕП 2022“, вели Лазаров.

Тој ќе ја поведе Македонија во дуелите во групата Ц, кои се играат во Дебрецен. Почнуваме денес против Словенија во 18 часот. Во истиот термин в сабота ќе се пресметаме против Црна Гора, а ќе завршиме в понеделник (20.30) против фаворитот во групата и актуелниот светски првак, Данска. За да се оствари посакуваниот пласман во главната фаза, меѓу најдобрите 12 во Европа, потребно е Македонија да го освои, барем, второто место во групата.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

ПретходноДа не го „газиме“ најуспешното, ниските удари и „отровните стрели“ да ги сочуваме за други цели!
СледноХамес Родригез му го спаси животот на Малиецот Кулибали