Работнички го доведе третото ново засилување во зимскиот преоден рок. Офанзивниот играч за врска Арбин Зејнулаи потпиша двегодишен договор со клубот од Градски парк и веднаш се става на располагање на тренерот Борче Христов. Тој денеска веќе го одржа и првиот тренинг.
„Чест ми е што доаѓам во клуб со голема традиција. Се враќа, во македонското првенство и се надевам дека ќе ја оправдам довербата што ми ја даде мојот нов клуб“ истакна на промоцијата одличниот играч за врска.
Арбин Зејнулаи ја почна кариерата во Шкендија, а потоа замина во хрватскиот прволигаш Локомотива Загреб, од каде сега доаѓа во редовите на Работнички.