Без сомнение Македонија ги има најдобрите навивачи, без разлика дали е ракомет, фудбал, кошарка, одбојка или пак некој друг спорт. Нема големо натпреварување во ракомет, а истото да мине без фешта – во сценарио на „Фалангата“.
Вака беше и вечерва во „Феникс“ Арената. Македонците се победници на трибините, Македонците направија фантастична атмосфера…Капа доле за сите кои се осмелија и во време на пандемија одлучија да тргнат до далечниот Дебрецен. Дел од нив речиси се на секое големо натпреварување, со срце навиваат за ракометарите, а денеска иако нивните миленици беа поразени од Словенија, сепак добија награда.
Македонските ракометари одиграа храбро и мотивирано, без Кирил Лазаров и парираа на далеку посилната Словенија која мислеше дека без капитенот ќе бидат лесен „залак“.
Ви ја пренесуваме атмосферата на трибините преку неколку фотографии.