Фантастично: И последните тестови се негативни, Македонија со сета сила против Словенија

391

Македонската ракометна репрезентација со сета сила ќе настапи против Словенија. И последните Ковид-тестови пред првиот натпревар на Европското првенство се негативни, па селекторот Кирил Лазаров ќе има шанса да го скрои списокот според расположливите сили со кои допатува во Дебрецен.

Македонија со ковид-проблеми се соочи пред тргнувањето, во Скопје останаа Митревски и Кизиќ, двајца голмани, на нивно место беа повикани Чаневски и Трајковски.

Дуелот меѓу Македонија и Словенија е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноСоставите ќе се чуваат во „тајност“ до последен момент
СледноДигаловски нов дефанзивец на Тетекс