Ферати се врати на Чаир

294

21-годишниот играч за врска Бесник Ферати по неколку години се враќа на Чаир. Она што СПОРТМЕДИА го најави, денеска од Шкупи го потврдија. Чаирчани потпишаа договор на година и пол со играчот од средниот ред.

„Многу сум среќен што се враќам во Шкупи. Посебна емоција за мене е да бидам дел од тим каде имам убави спомени и се надевам дека ќе имам што повеќе успеси. Уверен сум дека ќе продолжиме со добрата работа. Ќе се обидам да дадам максимум за боите на овој дрес кој е посебен за мене“, изјавил Бесник Ферати.

Бесник Ферати минатата сезона беше дел од тимот на Академија Пандев, додека претходно настапуваше и за Партизани во Албанија.

ПретходноУлтрасите истакнаа морбиден транспарент против Ањели (ФОТО)
СледноДа не го „газиме“ најуспешното, ниските удари и „отровните стрели“ да ги сочуваме за други цели!