Хамес Родригез му го спаси животот на Малиецот Кулибали

279

Колумбискиот играч од средниот ред на катарски Ал-Рајан, Хамес Родригез, му го спасил животот на дефанзивецот на клубот Ал-Вакр, Усман Кулибали за време на мечот од 13. коло на каарскиот шампионат.

Како што пишуваат медиумите, во првото полувреме Кулибали се онесвестил. Поранешниот играч од средниот ред на Евертон и Реал Мадрид притрчал до него да му укаже помош пред медицинските лица да пристигнат на лице место. Родригез ја наместил главата на 32-годишниот играч за да може да дише пред да пристигне лекарскиот тим за дополнителна помош. Кулибали бил пренесен во болница и сега неговата состојба се оценува како стабилна.

Подоцна лекарите потврдија дека Кулибали доживеал срцев удар.

ПретходноПОЧНУВА ЕП ВО РАКОМЕТ: Лазаров оптимист „Очекувам храбра и полетна Македонија!“
СледноПознати составите: Лазаров ги објави адутите за Словенија