Крис Вуд и официјално е нив член на тимот на Њукасл. „Страчките“ предмалку го промовираа своето второ засилување зимава, откако претходно беше промовиран Киеран Трипие.
Вуд потпиша договор на две и пол години и тој би можел да дебитира во сабота кога Њукасл ќе игра против Ватфорд.
„Сум играл на Сент Џејмс Парк неколку пати и тоа е неверојатно место. Да се има можност да се игра за овој клуб и пред овие навивачи е нешто навистина посебно“ – изјави Вуд.
We’ve got Wood. 💪
⚫️⚪️ pic.twitter.com/aEXYb3rd7d
— Newcastle United FC (@NUFC) January 13, 2022