Ералдо Чинари, интернационалец од Албанија и фудбалер на Самсунспор веројатно ќе биде новото засилување во редовите на Шкендија. Откако се чини како да пропаднаа преговорите со Одише Роши, веројатно најдобра опција за тетовци ќе биде Чинари. Се разбира дека тој би дошол само ако се заврши трансферот на Љупче Дориев во Унгарија.
Шкендија и онака има голем фонд на квалитетни напаѓачи, па така засилување или ново име би било реално само ако Дориев си замине.
Кога сме кај Чинари да споменеме дека тој има 25 години, игра во нападот а претходни клубови му биле Влазниа, Партизани и сега Самсунспор.