Алегри: Оваа сезона Интер е најдобар, за идната ќе видиме

297

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри признава дека неговиот тим заостанува во однос на Интер. Во средата „Старата дама3 падна во дуелот со Интер во Суперкупот на Италија, а исто така „нероаѕурите“ се лидери во Серија А.

Оваа сезона Интер е најдобриот тим во шампионатот. Тие се лидери и го продолжуваат она што го демонстрираа и минатата сезона. Во моментов тие се број 1, а за идната – ќе видиме“, вели Алегри.

Идното коло Јувентус ќе игра против Удинезе (сабота, 20:45 ч.) во Торино.

Овој меч ќе биде поразличен од оној со Интер. Ни недостасува спокојство. Треба да сме попрецизни во додадавања и да бележиме подобри резултати против т.н. помалите кубови. Треба да промениме нешто во дуелите со нив. Против Интер не бевме фаворити, а некои ни предвидуваа убедлив пораз, меѓутоа не беше така“, додаде Алегри.

 

ПретходноРогановиќ се враќа, Чавор во „аут“ против Македонија
СледноБен Арфа се сели во Лил, негов десетти различен клуб во кариерата